fbpx

Граѓанските здруженија губат пари поради неажурност на државата

-

За два нереализирани повици за користење пари од европските фондови, Македонија загуби повеќе од 1,7 милиони евра кои биле наменети за изградба и за одржливост на граѓанското општество. Денеска на прес-конференција за ова реагираа граѓанските организации. Велат дека се загрижени и разочарани од поништувањето на два повици од ИПА-програмата за претпристапна помош на Европска Унија.

–  Загриженоста е уште поголема затоа што причина за поништувањето, според објавените информации од Министерството за финансии, е ненавременото завршување на постапката за евалуација на апликациите. Ова е опасно затоа што државата или нема пари или има само за оние што ги смета за свои – истакна Љупчо Петковски од Македонскиот центар за европско образование.

Фани Каранфилова од Фондацијата „Отворено општество Македонија“ смета дека некористењето на ваквата европска помош покажува до каде е државата со реформите.

– Губењето на овие пари значи дека назадуваме со реформите. За тоа сметам дека се виновни и државата, која нема политичка волја, но и ЕУ, која не ни ги кажала вистинските зборови кога требало – вели Каранфилова.

Малинка Ристевска-Јорданова од „Институтот за европска политика“ вели дека со постапките власта сака да покаже дека не и е грижа како се финансираат граѓанските организации.

Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование, вели дека ќе реагираат и до Министерството за финансии (Сектор за централно финансирање и склучување договори), до Секретаријатот за европски прашања и до Делегацијата на Европска Унија во Македонија.

– Ако продолжиме на овој начин, нема да бидат само овие 1,7 милиони евра изгубени пари. Бројката може да достигне и до десет милиони евра. За ублажување и за надминување на ваквите состојби, бараме транспарентно и темелно да се истражат причините за овие две неуспешни постапки и да се образложи кои мерки ќе се преземат за да се спречи административната неажурност. По истражувањето да биде објавен извештај, во кој  ќе бидат предвидени мерки вакво нешто да не се повтори, како и препораки за спроведување засилено надгледување за идните повици – рече Маричиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...