fbpx

Граѓанскиот „активизам“ на Скопјани, во филмот „Не почнувајте ја револуцијата без мене“

-

„Не почнувајте ја револуцијата без мене“ е новиот документарен филм на хрватската „Бланк продукција“, што се снима во Дубровник, Истанбул и во Скопје.

Како што објаснува Дарио Јуричан, потпреседател на продукцијата, во филмот ќе бидат опфатени одржаните протести во Дубровник каде што граѓаните се побуниле за референдумот со кој требало да се одлучи дали ќе се гради апартмански комплекс над градот, протестите во Истанбул за заштита на паркот Гези, каде што владата во Турција одлучи да гради трговски центар.

Делот за Скопје ќе се однесува на проектот „Скопје 2014“ и на граѓанскиот активизам околу него. Филмот ќе се снима до крајот на оваа година. Јуричан и Игор Јелиновиќ во Скопје ќе останат до недела и планираат да разговараат со активистите што го бранеа центарот на градот од барокот.

Филмскиот инкубатор постои од 2003 година и досега имаат снимено осум документарни филмови, неколку играни и кратки филмови.

Don’t start the revolution without me – Ne počinjite revoluciju bez mene – DOX TEASER from Blank_filmski inkubator on Vimeo.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...