Штипјани со иницијатива за одбрана на градскиот парк

-

Граѓаните на една од најголемите штипски населби, 8 Ноември, на Денот на ослободувањето на градот кажаа „не“ на преполовувањето на паркот и на изградбата на две згради. Двете парцели за кои станува збор се наоѓаат на атрактивен простор веднаш до градскиот стадион. Првата парцела летото беше продадена на локален бизнисмен за околу 60.000 евра, а на неа ќе се гради деловен центар. Втората ќе се продава деновиве на јавна аукција.

– Продажбата на парцелите Општината ја прави без да нè праша нас, жителите на населбата, според ДУП донесен во минатиот век. При тоа се зафаќа единствениот рамен парк во градот. Со две нови згради ќе се затвори природната вентилација на населбата и ќе се зголеми загадувањето во зимскиот период – рече Фаик Јамаковски, жител на населбата.

Денешниот јавен настан, насловен „Во одбрана на паркот 8 Ноември“, во организација на „Плоштад Слобода“ од Скопје и во партнерство со Иницијатива за одбрана на паркот 8 Ноември од Штип и со граѓанската инцијатива „Го сакам ГТЦ“, собра повеќе жители на Штип.

Филип Јовановски од иницијативата „Го сакам ГТЦ“ изјави дека дошле како поддршка на штипјани во одбрана на зелениот простор.

– Што повеќе аргументи и документи во рацете на граѓаните, толку е поголема шансата да успеат ваквите иницијатива. Тоа што продажбата е почната, не треба да обесхрабува. И во случајот со ГТЦ во Скопје почнаа со избор на фирма-изведувач, па работите сè уште не се почнати. Напротив, ова треба да биде почеток на една сериозна борба – рече Јовановски.

Граѓанската иницијатива со поддршка на Фондацијата за локален развој на заедницата, за пет дена го собра неопходниот број потписи со кои бараат поништувањето на продажбата да биде ставено на дневен ред на Советот на Општината.

Борис Шарковски од Фондацијата за развој на локалната заедница најавува и предлог до Основното јавно обвинителство на Штип, како следен чекор.

– Сметаме дека има многу незаконски одредби во продажбата. Исцртаните 300 квадратни метри предвидени во ДУП за градежна парцела, одеднаш станаа близу 900 квадрати. Ќе поднесеме и иницијатива до Уставниот суд и преставка до Инспекторатот за локална самоуправа – изјави Шарковски.

Неполн час по јавниот настан, со соопштение реагираше Општината Штип, која зад собирот виде политичка, а не граѓанска мотивација.

„Одлуките кои се донесени се во согласност со законот. Локацијата за која денеска протестираа мал дел граѓани никогаш не била паркова површина, туку од 1990 година е впишана како градежно неизградено земјиште. Градежните парцели, од кои едната е продадена, а едната е огласена, воопшто нема да го нарушат она што денес граѓаните го користат како парк за одмор и за рекреација и се наоѓа до самите станбени згради“, се вели во реакцијата на Општината Штип.

Израел ослободи повеќе од деведест Палестински затвореници по договорот за прекин на огнот

Деведесет палестински затвореници беа ослободени утрово како дел од договорот за прекин на огнот. Ослободените од израелските затвори вклучуваа 69 жени и 21 тинејџер од Западниот Брег и Ерусалим, според податоците...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Израел ослободи повеќе од деведест Палестински затвореници по договорот за прекин на огнот

Деведесет палестински затвореници беа ослободени утрово како дел од договорот за прекин на огнот. Ослободените од израелските затвори вклучуваа 69 жени и 21 тинејџер од Западниот Брег и Ерусалим,...