Во центарот на Скопје, на зградата во која се сместени неколку државни институции со црн спреј е напишан графит „Сама Македонија“.

Графитот не е потпишан, а на неколку метри од него на истиот ѕид стои уште еден, со текст „Вардар шампион 2019“, кој се однесува на клубот во сопственост на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко.

По социјалните мрежи се коментира претпоставки дека се работи за дел од долготрајната кампања чија цел е државата да не влезе во НАТО и ЕУ.  Претходните кампањи од слична природа, како „#бојкотирам“ од август-септември 2018 година вклучуваа и координирано пишување графити.

Графитите се на зградата во која се сместени Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, Комисија за хартии од вредност, Агенција за супервизија на осигурување и М-нав, сместена на улица „Македонија“ во близина нa Музеј на Град Скопје.

Градењето на овие згради беше проследено со контроверзи, оти се подигнати во рамки на проектот „Скопје 2014“ при што во прислушуваните разговори во надлежност на СЈО има еден („Бомба“ бр. 32) во кој тогашниот премиер Груевски наредува паркчињата да се узурпураат за барок да се казнат странарите на околните згради кои не гласале за него.