fbpx

Градски парк 2 ќе се гради на местото на расчистената дива депонија во Карпош

-

Екипи на Градот Скопје и на Општина Карпош денеска почнаа голема акција за расчистување на децениските депонии зад Спортскиот центар „Борис Трајковски“, на кејот на реката Вардар.

Во активностите е вклучена механизацијата и работниците на ЈП „Водовод и канализација“, а расчистувањето на просторот се очекува да трае околу 10 денови.

– Оваа дива депонија претставува повеќедецениски горлив проблем. Почнала да се формира со одлагање на урнатините по катастрофалниот земјотрес во Скопје уште во 1963 година. Повеќе генерации градски и општински градоначалници го игнорирале проблемот, а за жал некои од нив продолжиле да го одлагаат отпадот на оваа локација. Сега, заедно со Општина Карпош конечно најдовме решение за овој проблем и со тоа почнуваме со реализацијата на уште едно од нашите предизборни ветувања. Денеска го почнуваме чистењето на оваа депонија, после што ќе следува покривање на површината. На ова место ќе подигнеме парк на површина од над 90.000 квадратни метри (над девет хектари) кој ќе го наречеме Градски парк 2 – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.

Тој додаде дека новиот парк ќе биде подигнат со донации од општествено одговорни компании при што трошоците на Град Скопје и на Општина Карпош за подигнување на овој парк би биле незначителни во однос на неговата реална вредност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...