fbpx

Градоначалникот Трајановски се сретна со борците од НОБ

-

По повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, се сретна со претставници на градскиот одбор на Сојузот на борци од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.

– Денеска славиме 71 година од ослободувањето на Скопје, односно го славиме 13 Ноември, денот кога Вие и Вашите соборци сте се бореле за негово ослободување, и на средбата со Вас се обидуваме да се сетиме на некои моменти од историјата. Ова е и одлична можност да се договориме какви чекори треба да преземеме за зачувување на тие спомени и добри дела, што беа пример за нашите генерации, но и за следните генерации. Јас и граѓаните на Скопје чувствуваме неизмерна почит кон борците, кои пред точно 71 година ги дадоа животите за слободата на овој град. Во тек е возобновувањето на споменикот на стреланите и работилницата за производство на експлозивни направи, а готови се и бистите на хероите Панче Арсовски и Панче Неделковски. Бистата на Панче Арсовски ќе се постави во средното училиште на град Скопје што го носи неговото име, а бистата на Панче Неделковски во градскиот парк – истакна градоначалникот Трајановски.

За време на средбата, Трајко Стаматовски од име на борците-ослободители на Скопје, му се заблагодари на градоначалникот Трајановски за приемот, како и за добрата соработка и за поддршката што тој им ја дава на членовите на Сојузот на борците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...