fbpx

Градоначалникот на Прилеп бара АРМ да се вклучи во борбата со Ковид-19

-

Градоначалникот Илија Јованоски бара АРМ да се вклучи во борбата со Ковид-19 во Прилеп, откако денеска се евидентирани 14, а вчера 8 заболени, со што вкупниот број достигна 72 лица.

– Заради прогресијата на новозаразени, барам воведување на дополнителни мерки за општина Прилеп. За таа цел, утре во посета на Општината ќе бидат вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шеќеринска, вицепремиерот и шеф на Централниот кризен штаб, Бујар Османи и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, со кои ќе разговараме за мерките кои дополнително треба да ги преземеме. Ќе побарам поголема вклученост на Армијата за спроведувањето на мерките и препораките од Владата и Министерството за здравство. Мора до го спречиме групирањето и гужвите пред банките и маркетите во градот. Исто така сакам да потенцирам, компаниите каде има потврдени случаи на нивни вработени кои се заразени со коронавирус, во вакви услови не смеат ниту да помислат повторно да ги активираат своите производствени капацитети, сѐ додека не се создадат услови за работа,според проценките на стручните служби – вели градоначалникот Јованоски.

Според него, Прилеп со овој број на заболени влегува во втората фаза на пандемијата.

Епидемилогот од Центарот за јавно здравје, д-р Татјана Мургоска Станимировиќ пак оценува дека овој е очекуван број на заболени во Прилеп и дека не се работи за драматично зголемување на бројот.

– Треба да сфатиме дека епидемијата има свој тек. Ние само што ја поминавме првата фаза, сега се наоѓаме во втората фаза во која, како што кажа и министерот, сѐ уште очекуваме пораст на бројот на заболени. Се надеваме и сите работиме, тој пораст да не биде остар. Во Прилеп линијата на пораст не е остра, ако имаме предвид колку заболени имавме на самиот почеток на епидемијата. Не е тоа остро, оди очекувано – изјави д-р Мургоска Станимировиќ.

Според информациите од вкупниот број на заразени граѓани со коронавирус во општината Прилеп, две третини се работоспособни. Другите се граѓани на возраст над 60 годишни и 4 се деца. Меѓу инфицираните, шестмина се здравствени работници. Во општините Прилеп, Долнени, Крушево и Кривогаштани досега се тестирани вкупно 280 лица. Од нив 75 се позитивни, а за 74 лица се чекаат резултати.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...