Градоначалникот Бочварски станува министер, повлече домино промени во Општина Штип

-

Како што беше најавено, актуелниот градоначалник на Штип Благој Бочварски се најде во денешната предложена листа за состав на новата влада на мандатарот Зоран Заев, како предлог за нов министер за транспорт и врски. Пред денешното предлагање, во изминатите денови се случија повеќе промени во Советот на Општина Штип, како подготовка за заминувањето на Бочварски во централната власт.

Извесно е дека негова замена на чело на Општината ќе биде довчерашниот претседател на Советот на општина Штип, средношколскиот професор Јане Миланов. На седницата во понеделникот, Миланов си поднесе оставка од местото претседател, бидејќи според Законот за локална самоуправа, в.д. градоначалник може да биде само член на советот, но не и претседателот на Советот.

Миланов треба да биде избран за в.д. градоначалник на Штип, откако ќе биде констатирана неспоивост на функциите на градоначалникот Бочварски. Советот нема да се надополни со нов член, бидејќи формално, Миланов ќе биде само вршител на должноста. Сепак, тоа нема да го промени распоредот на силите во Советот. Имено, од штипскиот Совет во пратеници заминаа двајца членови – по еден од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа, се случи парадоксална ситуација. Советникот од листата на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ е од партија, која во меѓувреме, влезе во коалиција со СДСМ, па така новиот советник, всушност ќе го зајакне мнозинството на владејачката партија.

На овонеделната седница, Маријана Рогожарска – Поповска е избрана за нова претседателка на Советот на Општината Штип, избор што не беше поддржан од опозицијата, која ја напушти седницата.

Благој Бочварски ќе биде првиот министер од Штип во македонска влада по Јордан Мијалков. Штип имаше заменици министри, но во последните влади немаше ниту еден министер.

Овие парламентарни избори донесоа дури пет нови пратеници од Штип, по двајца од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и еден од Левица. Во претходниот состав градот го претставуваа само двајца пратеници и двајцата од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Благој Бочварски од пратеник на СДСМ, на локалните избори во 2017 година, стана градоначалник и на негово место дојде пратеничка од Виница.

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен маж од...

МЦМС: Mнозинството граѓани сметаат дека безбедноста во земјава е загрозена

Мнозинство од граѓаните (59,8%) сметаат дека безбедноста во земјава е многу или главно загрозена. Меѓу нив, побројни се жените. Загриженоста опаѓа со зголемувањето на степенот на образование од 67% кај оние...

Со закана со нож 34 годишник силувал дете во Тетово, Обвинителството поведе истрага

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 34 годишник, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – силување дете кое не наполнило 15 години, казниво...

Меѓуресорска група ќе ги брани училиштата од сајбер напади

Претставници на Министерството за образование и наука, на Министерството за внатрешни работи, институции за јавна безбедност, претставници на Министерството за дигитална трансформација и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, заеднички...

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен...