fbpx

Градинката „Изворче“ во Злетово ќе добие нов покрив, со јапонска донација

-

Градоначалникот на Општина Злетово, Драган Анастасов и амбасадорот на Јапонија Хиронори Савада, потпишаа договор за „Грант помош на мали проекти за човекова безбедност“, за да се постави нов покрив на градинката „Изворче“ во Злетово. Вредноста на донацијата е 77.975 евра. Предвидено е да се отстрани стариот азбестен покрив и да се инсталира нов.

„Санацијата на покривот е неопходна како од технички, така и од еколошки аспект, а најважно од сè, потребна е заради заштита на здравјето на децата и на вработените“, потенцираше градоначалникот Анастасов.

Во обраќањето амбасадорот Савада кажа дека со инсталацијата на новиот покрив ќе се заштитат повеќе од 90 деца кои престојуваат во оваа градинка.

Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 73 училишта и градинки, 64 здравствени установи и обезбеди 34 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 51 општинa.

„Јапонија ја поддржува Северна Македонија во различни сектори континуирано, како инфраструктурен развој, подобрување на здравствените услуги, образованието, животната средина, култура, помош при природни катастрофи и бегалски кризи како и итна помош која изнесува повеќе од 423 милиони евра како и друга нефинасиска помош“, наведено е во соопштението од амбасадата.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...