fbpx

Градежните компании бараат посебни мерки поради скапите материјали за да не растат цените на становите

-

Градежниот сектор бара од Владата посебни и директни мерки за да може да го одржи континуитетот на работење во услови на пандемија. Последниот раст во производството е регистриран на крајот на 2019 година од 8,9 отсто. На почетокот на минатата година, падот во нискоградбата и во високоградбата изнесувал 16,6 отсто, а на крајот на 2020, 12 отсто, во однос на 2019 година. Во првите месеци од годинава, производството има намалување од 2,1 отсто, во споредба со тој период лани.

Постои голема неизвесност како ќе се одвиваат состојбите, ако се има предвид дека увозните цени на градежните материјали се драстично зголемени, а нарачките од земјите на ЕУ, кои порано стигнуваа во земјава за два до три дена, сега не се знае кога ќе се испорачаат. Сето тоа, неминовно ќе доведе до зголемување на крајната цена на изградените станови, а за колку, допрва ќе се проценува. За ова, денеска говореше Андреја Серафимовски, претседател на Здружението за градежништво при Стопанската комора.

На денешната прес конференција, тој посочи дека Здружението има подготвено детални анализи за состојбата, со акцент на зголемените трошоци, како и предлог мерки, кои ќе ги достави до Министерството за транспорт и врски. Се бараат и измени во Законот за работни односи и во Законот за јавни набавки, за ниската цена да не биде единствен услов при изборот за најдобар економски оператор, во ситуација на драстично зголемени цени на материјали.

„Над 5.000 градежни компании со повеќе од 55.000 вработени се значаен сегмент од економскиот развој на земјата и само специфични мерки за овој сектор ќе ја надминат несигурноста во производството како последица на ковид кризата. Компаниите моментално се соочуваат со два битни проблема, драстичното зголемување на цените на материјалите за производство, што ја доведува во прашање исплатливоста на производот и неговата крајна цена, и второ, законските измени кои се во подготовка, а се однесуваат на прогласување на неделата за неработен ден“, рече Серафимовски.

Тој како пример посочи дека увозната цена на челикот за една година е зголемена за 80 отсто, на дрвото за 20 отсто, на иверката за 25 отсто, на битуменските масла за 20 отсто, а за 30 отсто е поскапена сувата градба и други градежни материјали. Викендите, пак, треба да останат работни во градежништвото, оцени Серафимовски, затоа што временските услови и сезонскиот карактер на работењето се значајни за технолошкиот процес и за исполнување на роковите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ ги повика социјалните мрежи да ги означуваат содржините генерирани од вештачка интелигенција

Компаниите за социјални медиуми, вклучувајќи ги и Гугл и Фејсбук, беа повикани од ЕУ „веднаш“ да започнат со етикетирање на содржините и фотографиите генерирани од вештачка интелигенција, како дел...
Download Premium WordPress Themes Free
Free Download WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
lynda course free download
download lava firmware
Download Nulled WordPress Themes
download udemy paid course for free