fbpx

Градежништвото со повеќе градежни дозволи и поголеми проекти во август

-

Има засилен пораст на градежниот сектор во текот на август. Според податоците на Државниот завод за статистика, во осмиот месец биле издадени 210 одобренија за градење, што е за 9,4 отсто повеќе во однос на истиот период од минатата година.

Предвидената вредност на објектите изнесува над 37,7 милиони евра, односно за 53,7 отсто повеќе во споредба со идентичниот период лани.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 136 (64,8 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 18 (8,6 отсто) за објекти од нискоградба и 56 (26,6 отсто) за објекти за реконструкција.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 278 станови, со вкупна корисна површина од 24 728 метри квадратни, што е речиси идентично на истиот период од минатата година.

Како и досега, најголем интерес за изградба на нови станови има во скопскиот регион, а само во Општина Аеродром во текот на август годинава биле издадени одобренија за градење на 125 нови станови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...