fbpx

Градежен работник од Тетово повреден при пад од објект

-

Ш.И. (47) од Тетово денеска добил тешки повреди на главата и скршени вратни пршлени по пад од висoчина од околу четири метри, додека работел на балкон на објект во изградба на улицата 146 во Тетово, информираше Марјан Јосифовски,  портпаролот на СВР Тетово.

Според Јосифовски, повредениот во бесознание и со тешки повреди, околу 10.10 часот бил донесен во Клиничката болница во Тетово, од каде по укажаната лекарска помош останал во бесвесна состојба и како итен случај бил испратен на скопските клиники.

Полицијата изврши увид на местото на инцидентот, каде утврди дека Ш.И. работел заедно со уште едно лице од Требош на објектот кога, од засега неутврдени причини, загубил рамнотежа и паднал на земја од висина од околу четири метри.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...