„Градење заедничка иднина“ е настан кој ќе се одржи во Охрид за поголема соработка со Албанија

-

„Градење заедничка иднина – Creating a common future“ е слоганот на претстојниот пограничен целодневен настан, што на 10 јули ќе се случува во Охрид, во организација на девет проекти имплементирани од страна на 30 граѓански организации, корисници на грантови од Програмата за прекуграничен развој помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, финансирана од страна на Европската Унија. Вкупна вредност на проектите финансирани од Европската Унија е околу 3 милиони евра.

Овој настан планирано е да обедини над 150 учесници од најразлични профили професионалци од сферата на туризмот, претставници на невладиниот сектор, локалната самоуправа, бизнис секторот, (активни во туризмот, агротуризмот и угостителството и стопанските комори), како и од медиумите.

Главен фокус на настанот е идентификување на можностите за развој на туризмот, унапредување на соработката во прекуграничната област меѓу Република Северна Македонија и Албанија, како и промовирање на резултатите на проектите кои се дел од Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија.

Предвидена е регионална конференција со наслов „Развој на туризмот во прекуграничната област“, на која заеднички предзнак ќе биде прекуграничната соработка во поттикот на локалната и регионална економија, развојот на одржлив туризам, важноста на иновациите во обезбедувањето регенериран и поквалитетен еко-систем, можности за нови вработувања.

Присутните на 10 јули ќе имаат можност да бидат дел и од атрактивен Саем кој ќе има за цел да ја илустрира синергијата на досегашната регионална соработка, (во рамки на 9-те проекти, дел од Програмата за прекуграничен развој помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија), но, и да сведочат на отворањето на спасувачкиот центар на Црвен Крст во Охрид – прв во регионот од таков вид.

На почетокот на настанот предвидени се обраќања на високи претставници на двете земји.

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Скулптурата „Отровни стрели“ поставена на скверот кај Порта Буњаковец

На скверот кај Ким во Порта Буњаковец, во центарот на Скопје, поставена е впечатлива уметничка инсталација, насловена „Отровни стрели“. Идејата за оваа скулптур, која го претставува говорот на омраза како невидливо,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени...