fbpx

Град Скопје: Стационарот „Вардариште“ работи по принципите за хуман третман на животните

-

Град Скопје во реакцијата на денешниот протест организиран од „Анима мунди“, изрази згрозување од, како што велат, лажните и клеветнички обвинувања на здружението во однос на третманот на бездомните кучиња во центарот „Вардариште“.

„Покрај овие фабрикувани и невистинити обвинувања, навистина не знаеме зошто овие лица протестираат против работата на Град Скопје, која е единствена единица на локална самоуправа во Република Македонија која има хуман третман за бездомни кучиња. Стационарот „Вардариште“ работи согласно сите законски прописи на Република Македонија и според сите одлуки донесени од страна на Советот на Град Скопје. Овој стационар работи професионално согласно принципите за хуман третман на животните – ЦНР-програма (залови, стерилизирај, пушти), осмислена од Светската асоцијација за заштита на животни и Кралското здружение за заштита на животните на Велика Британија), програма поддржана од Светската здравствена организација“, се вели во реакцијата на Град Скопје.

Од Град Скопје велат дека сите лица вработени во стационарот имаат поминато стручни обуки од експерти од Кралското здружение за заштита на животните на Велика Британија, од каде секоја година доаѓаат во ненајавени инспекциски посети и досега немале забелешки за работата на стационарот за кои обвинува „Анима мунди“.

„Дополнително, зачудува фактот што ова здружение, кое наводно се грижи за третманот за бездомните кучиња, досега не покажало никаков интерес за случувањата надвор од Скопје и не реагирало за третманот на животните, на пример, во општините Струмица или Куманово“, додаваат од Град Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...