Фото: Gervyn Louis на Unsplash

Градот Скопје информира дека јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата се исцрпени.

„Во текот на наредните денови Градот Скопје ќе ги обработува пристигнатите барања за субвенции и ако се утврди дека не се исцрпени сите средства предвидени за оваа намена, постои можност повикот да се продолжи, за што јавноста ќе биде навреме информирана.Од отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери досега се поднесени 1.656 пријави,“ информираат од Град Скопје.

Јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 1 јануари 2021, до завршувањето на повикот на 1 ноември 2021 години или до денот на исцрпување на средствата.На овој повик граѓаните аплицираа онлајн.

Според условите во повикот, на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ.