Град Скопје изрече 90 казни за возила паркирани на вело патеки на само еден булевар (галерија)

Град Скопје, преку својата комунална инспекција, презеде мерки за сузбивање на непрописното паркирање на велосипедските и пешачките патеки, и во текот на изминатите седум дена на само еден булевар во центарот на градот, изрекол дури 90 казни. Интензивните контроли ќе продолжат, велат од градската управа.

Имено, од 11 август до 18 август, односно вчера, комуналните редари и инспектори вршеле засилени контроли на булеварот „Свети Климент Охридски“, и изрекле 90 мерки против лица за незаконско паркирање на пешачките површини и велосипедски патеки, соопшти Град Скопје на својата Фејсбук-страница.

За проблемите на пешаците и велосипедистите при движењето низ градот, „Мета“ пишуваше во многу наврати.