Градот Скопје денеска со соопштение реагираше на информацијата околу сечењето дрвја на улица 11 Октомври.
Во реакцијата на Градот се вели дека исечено било само едно дрво и тоа по барање на жителите од околината.
„Сакаме да ја информираме јавноста дека станува збор за едно дрво од вид липа, кое било исушено и истото е исечено на барање на жителите на околните згради. Дополнително, решение за сечење на ова дрво е дадено пред една година и неговата реализација е извршена деновиве“, пишува во реакцијата на Град Скопје.