fbpx

Град Скопје четири дена ќе прска против комарци

-

Утринава почна третото продолжено и засилено прскање против комарци во Скопје. Заради зголемените врнежи во изминатиот период се создаде поволна клима за брзо размножување на комарците, па Град Скопје одлучи третото прскање наместо два дена да трае 4 дена со што се зголемува интензитетот на заштита.

Третото авионско прскање против возрасни форми на комарци се изврши во раните утрински часови, а ќе се одвива и во наредните три дена, односно до 13 август (понеделник). Потоа, прскањето ќе продолжи од земја и ќе се одвива во деновите од 13 август до 17 август (од понеделник до петок), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.

По ова продолжено и засилено прскање Град Скопје ќе изведе уште две прскања против комарци што се планирани кон крајот на август и на почетокот на септември.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...