Град Скопје со 3 милиони денари помош за настраданите во земјотресот во Албанија

-

Советот на Град Скопје на денешната седница едногласно ја донесе одлуката за давање помош на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Република Албанија. Со оваа одлука, како израз на солидарност за настраданите, Градот Скопје дава помош во износ од 3 милиони денари (48.700 евра), информираат градските власти.

– Во рамките на нашите технички можности уште во текот на вчерашниот ден Град Скопје упати две екипи кои се во Драч. Едната екипа е составена од 4 пожарникари,  додека втората екипа е составена од технички лица кои управуваат со термалните дронови и со термалните камери. Оваа одлука е во износ кој традиционално го доделува Град Скопје во вакви случаи, а тоа е 3 милиони денари – изјави градоначалникот Петре Шилегов на седницата.

Во катастрофалниот земјотрес што вчера ја потресе Албанија досега загинаа 29 лица, а над 650 се повредени, јавува известувачот на Радио-телевизија Србија од Тирана. Албанската влада денеска прогласи вонредна состојба на подрачјето на Драч и Тирана. Постои сомнеж дека под урнатините на објектите во Тумане се наоѓаат уште десетина лица, за кои спасувачките екипи сè уште работат на нивно пронаоѓање.

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан, САД и Европа ги осудија нападите на Израел врз мировниците

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан откако бил погоден од огнено оружје, соопштија привремените сили на ОН во Либан (Унифил). Во соопштение, Унифил вели дека мировникот во...