По барање на општина Центар, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска извршиле сечење на 14 целосно суви јапонски цреши на едната страна на улицата „Максим Горки“ во центарот на Скопје, информираат градските власти.

Градот Скопје во понеделник на нивно место ќе засади 18 нови јапонски цреши и ќе го обнови дрворедот на ова улица во централното градско подрачје.

„Сакаме да нагласиме дека дрвјата беа целосно исушени поради габични заболувања и без можност да бидат спасени. Во овој контекст, минатата година општина Центар апелираше до компаниите на оваа улица кога ги мијат објектите да не истураат вода со хемикалии во дрвјата. Дрвјата во состојбата во која што се наоѓаа претставуваа опасност по безбедноста на минувачите“, се вели во соопштението на Град Скопје.