Град Скопје информира дека денеска од 12 часот се укинуваат вонредните мерки меѓу кои сe и бесплатниот јавен превоз и поскапениот паркинг, како и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот што беа воведени на 27 јануари 2020 година.

„На мерните станици во главниот град среднодневните концентрации на ПМ10-честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање од 175 микрограми на метар кубен и соодветно на тоа епизодата со зголемено загадување во текот на два последователни дена е прекината. Овие мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот ќе се воведат повторно доколку се повтори епизодата со загадувањето на воздухот, а за што граѓаните ќе бидат навреме информирани“, се вели во соопштението на Град Скопје.