fbpx

Граѓаните потрошиле 169,2 милиони евра онлајн, се зголемува довербата кон домашните продавници

-

Согласно податоците за реализирани трансакции во текот на 2019 година, објавени на веб-страницата на Народна банка, бројот и вредноста на реализирани онлајн нарачки и купувања во текот на минатата година покажува дека, е-трговијата во земјава е во пораст, се вели во анализата на Филип Чижбановски, в.д. претседател на Асоцијација за е-трговија на Македонија.

Во неа се вели дека, во текот на 2019 година реализирани се вкупно 6.727.051 онлајн трансакции во земјата и во странство, наспроти 5.435.385 онлајн трансакции во текот на 2018 година што претставува пораст од 23,8 проценти. Од аспект на вредноста, исто така се забележува пораст.

„Во 2019 година вредноста на трансакциите реализирани на виртуелните места на продажба во земјата и во странство, изнесува 176 милиони евра, што во споредба во 2018 година кога се реализирале 139 милиони евра, претставува пораст за 26,6 проценти.Граѓаните потрошиле 169,2 милиони евра онлајн кон домашни и странски онлајн трговци. Граѓаните лани стекнале се повеќе доверба кон е-трговијата и онлајн нарачките, а тоа може да се забележи од порастот на бројот и вредноста на трансакциите со домашни картички онлајн, кон домашни и странски онлајн трговци. Имено, во текот на 2019 година, граѓаните со домашни картички потрошиле вкупно 169,2 милиони евра онлајн, што претставува пораст од 35,5 милиони евра (26,5 проценти) во однос на претходната година,“ се вели во анализата.

Во анализата, исто така се забележува дека бројот на трансакции кон странски и кон домашни веб-продавници е речиси идентичен. Зголемен е и бројот на новоотворени онлајн продавници во Македонија, а со тоа и поголемата понуда на производи и услуги кои се нудат од страна на домашните компании.

„Конкретно, 50,2 проценти од вредноста на онлајн трансакциите реализирани со платежни картички издадени во Македонија се одлеале во странство, односно се реализирани кон трговци надвор од Македонија, додека 49,8 проценти од трансакциите се реализирани кон онлајн трговци во Македонија. Можеме да заклучиме дека зголемената понуда на домашниот пазар, успева да ги задоволи потребите на македонскиот онлајн купувач и овозможува, наместо овие пари да се одлеваат во странство, да останат кај домашните компании кои продаваат онлајн.Бројот на онлајн трансакции реализирани во 2019 година, во корист на виртуелни места на продажба во Македонија бележи пораст од 41,6 проценти во однос на 2018 година. Она што е особено значајно за е-трговците од Македонија е дека во текот на 2019 година реализирани се вкупно 170.390 трансакции од страна на иматели на платежни картички од странска банка во корист на домашен трговец, односно, изразено во вредност, вкупно 6,85 милиони евра се влеале во Македонија на име онлајн купување од странство,“ се додава во анализата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...