fbpx

Граѓаните од утре ќе можат да вршат увид во Избирачкиот список

-

Од утре до 11 март ќе трае увидот во Избирачкиот список, со кој граѓаните по електронски пат ќе можат да проверат дали се впишани во списокот за гласање за претстојните парламентарни избори. Во овој период, граѓаните ќе можат да поднесат барање за запишување во Избирачкиот список или пак да побараат бришење или дополнување на податоци во списокот, соопшти денес претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Деркоски.

Државниот завод за статистика до ДИК веќе го доставил основниот список, којшто моментално брои 1.817.028 избирачи. Ваквиот список од утре ќе биде на увид од страна на граѓаните, кои ако забележат некаква грешка кај своите податоци, ќе треба да ја коригираат за да можат да го остварат своето гласачко право на 12 април.

Од ДИК информираа дека досега над 710 македонски државјани во странство се пријавиле за гласање во дијаспората. Во наредните 15 дена ќе треба да се пријават уште минимум 6.000 гласачи во странство, како би можело да се очекува избор на барем еден пратеник од дијаспората во идниот собраниски состав.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претставничкиот дом на САД ќе гласа за голема помош за Украина, Израел и Тајван

По неколку месеци одложување, Претставничкиот дом на САД е подготвен да гласа за американска воена помош од десетици милијарди долари за Украина и Израел овој викенд. Предлогот предвидува 60,8...