fbpx

Говорот на омраза го има во законите, но не и во правосудството

-

Во Македонија постои говор на омраза кој потоа може да доведе и до насилство од омраза, а причините што е често присутен е неговата непрецизна уреденост во законите и речиси никаквата пракса за санкционирање во правосудството.

Ова беше еден од заклучоците на дебатата што денеска во Скопје ја организираше „Македонскиот институт за медиуми“, под наслов „Како до ефикасно справување со говорот на омраза“.

Анализата што ја претстави Ненад Живановски, експерт за говор на омраза, упатува на заклучок дека говорот на омраза е инкриминиран во легислативата и тоа и во Кривичниот законик и во Законот за заштита од дискриминација и во Законот за аудиовизуелни медиуми и медиумски услуги (ЗААВМУ), а го има и во Кодексот на новинарите на Македонија, но дека сето тоа е недоволно зашто или квалификациите не се директни, како што е тоа во КЗ, или, пак, не се предвидени санкции, како што е тоа во ЗААВМУ.

Во анализата беше претставен и „Случајот Миленко Неделковски – парадигма на еден медиумски реалитет“, при што се наведува дека иако со години неговите ставови изнесени преку телевизија и интернет често имаат говор на омраза, ниту еднаш не бил процесиран.

Слично искуство прикажа и Елена Брмбеска од Хелсиншкиот комитет за заштита на човековите права во Македонија. Според Брмбеска, иако Комитетот со години ги детектира, истражува и ги процесира со кривични пријави случаите на говор на омраза, од обвинителството нема никаква реакција, а најдалеку отишла нивната соработка со МВР, од каде понекогаш знаеле да им излезат во пресрет за идентификација на некоја ИП-адреса или, пак, им барале дополнителни информации.

Адвокатот Лазар Сандев, кој често работи со новинари во случаи на тужби за навреда и за клевета, нагласи дека не само што нема ниту еден судски случај за говор на омраза, туку нема ниту едно процесирано обвинение, т.е. обвинителен акт од страна на некое обвинителство. Тој, како и други учесници во дебатата, се осврна и на потребата да се разграничи разликата помеѓу говорот на омраза и слободата на изразување.

Словенија не стои многу подобро од Македонија во поглед на судската пракса – посочи Бранкица Петковиќ, директор на Мировниот институт од Љубљана. Таа појасни дека oд 500 поднесени кривични пријави од полицијата, јавното обвинителство на Словенија прифатило 190, судовите од тие 190 прифатиле 60 обвиненија, а на крајот сето тоа резултирало само со 26 осудителни пресуди за последните десетина години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...