Говор на Урсула фон дер Лајен, изваден од контекст за да се шири антисемитизам

Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, нејзиниот говор воопшто не се однесува на тоа дека „Европа сака да убива жени и деца, сака војна, дегенерација, има повеќе полови, се залага за геноцид на цивили, сака ЛГБТ“. Во објавата се шири говор на омраза кон Израел, Евреите и Талмудот, спротивно на вредностите што се прокламираат во говорот на претседателката на ЕК, но и во европскиот начин на функционирање – се практикуваат во Европа

-

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија од претседателката на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајен и пишува:

Па, таа првпат не греши, таа ја кажува вистината.

Европа сака да убива жени и деца.

Европа сака војна. Европа сака дегенерација.

Европа има повеќе полови.

Европа се залага за геноцид врз цивили.

Европа сака педофилија.

Европа сака ЛГБТК.

Сите демони во сатанската држава ИЗРАХЕЛ се Европејци.

ТАЛМУДОТ Е КНИГА НА ЗЛОТО 101.

На фотографијата во објавата се наоѓа извадок од подолг говор на Урсула фон дер Лајен кој е комплетно изваден од контекст, покрај тоа што е речиси 3 години стар. На извадокот од фотографијата таа (според преводот) вели „Европа е вредностите на Талмудот“.  Говорот е од 14 јуни 2022 година даден на универзитетот Бен-Гурион кога Урсула фон дер Лајен добила почесен докторат на церемонијата. Во објавата што ја рецензираме реченицата „Европа е вредностите на Талмудот“, што ја изговорила претседателката на ЕК во еден дел од говорот, е злоупотребена за антисемитистичка реторика, но и за манипулирање со извадоци од Талмудот (зборник од религиозни списи што содржат догматски, етички и општествени правила и толкувања на јудаизмот). Наспроти објавата што ја рецензираме, Европа е толерантна и поттикнува верска разноликост и почитување на различни религиски уверувања како и нивното слободно практикување. Во говорот на Урсула фон дер Лајен кој е изваден од контекст и во кој се додаваат реченици (извадоци од Талмудот) надвор од контекст, таа во говорот зборува на следниот начин:

Откога можам да се сетам, бев уверена во два многу едноставни факти. Прво, нема Европа без Европските Евреи. И второ, Европа и Израел се пријатели и сојузници. Поради тоа што историјата на Европа е историја на Еврејскиот народ. Европа е Симон Веил и Хана Арент. Европа е Махлер и Кафка и Фројд. Европа е вредностите на Талмудот, Еврејското чувство за лична одговорност, за правда и солидарност. Денеска, речиси 80 години после Шоах, еврејскиот живот во Европа повторно  доживува напредок. Земји како Португалија и Австрија повторно го откриваат своето еврејско наследство. Го гледам тоа и во Брисел, истакна во дел од говорот Урсула фон дер Лајен.

Таа продолжи и со фактот дека антисемитските напади во Европа денеска се реалност.

Европскиот еврејски живот исто така е загрозен. Антисемитизмот уште нема исчезнато. Уште ги труе нашите општества. И антисемитски напади се случуваат во Европа. Тоа е нова закана, но во исто време претставува и старо зло. Секоја нова генерација мора да понесе одговорност минатото да не се повтори. Затоа ја ставив борбата против антисемитизмот и одржувањето на еврејскиот живот во Европа во центарот на агендата на Европската Комисија. Нашата демократија цвета ако еврејскиот живот во Европа цвета. Низ вековите, еврејскиот народ е светло во нациите. И ќе биде светло во Европа во многу идни векови, рече дер Лајен.

Така што, наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, нејзиниот говор воопшто не се однесува на тоа дека „Европа сака да убива жени и деца, сака војна, дегенерација, има повеќе полови, се залага за геноцид на цивили, сака ЛГБТ“. Во објавата се шири говор на омраза кон Израел, Евреите и Талмудот, спротивно на вредностите што во говорот но и во европскиот начин на функционирање се практикуваат во Европа. Убиствата на жени и деца се кривични дела во сите земји на Европа, Европа не сака војна, напротив го користи своето право да поддржи самоодбрана на суверени и нападнати држави, ги почитува правата на луѓето но и нивните различности, се залага за родова еднаквост, права на лицата што се припадници на ЛГБТ заедницата, а што се однесува на тоа дека „Европа се залага за повеќе полови“ – Европа го поддржува правото на транс-луѓето кон целосна еднаквост.

Во објавата што ја рецензираме всушност се обвинува Европа за војна во смисла на слични про-Кремљ наративи кои се провлекуваат од стартот на воената инвазија на Русија врз суверена Украина. Неиспровоцираната воена инвазија веднаш беше осудена од европските партнери на Украина, а потоа Украина беше поддржана во нејзиното право на самоодбрана, но не затоа што Европа сака војна. Напротив, европските лидери колективно и индивидуално повеќе пати повикуваа Русија да ги повлече своите трупи од украинска територија, да го почитува правото на територијален интегритет на Украина што не се случи. Да се обвинува Европа за војната во Украина е замена на тезите и пропагандистички наратив, со оглед на тоа што точно се знае кој на 24 февруари 2022 година влезе на украинска територија со воен арсенал и почна да напаѓа.

Не е точно ниту наведеното во објавата дека „Европа сака педофилија“. Напротив, во цела Европа педофилијата е кривично дело. Директивата за борба против сексуалната злоупотреба и сексуалната експлоатација на децата и против детска порнографија, е само еден документ кој ја претставува непоколебливата борба на ЕУ против криминалот со педофилијата.

Презентираните извадоци од Талмудот не претставуваат предмет на анализа поради специфичната утврдена методологија. Меѓутоа, во објавата е јасно дека овие извадоци се извадени од контекст, се мешаат со анти-ЕУ антизападни наративи и сентименти и дополнително се шири антисемитизам (на пример „сите демони во сатанската држава Израхел се Европејци“ „Талмудот е книга на злото“).

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

Запленети компјутери, пари и фалсификувани документи поради сомнеж за хакерски криминал

На 16 мај 2025 година, по судска наредба и претходна истрага, полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал при МВР извршија претрес во дом и други простории на Л.К. (21) од...

Ограничувања во сообраќајот во Скопје поради спортскиот настан „Прв до врв“

Министерството за внатрешни работи информира дека поради одржувањето на традиционалниот спортско-рекреативен настан „Прв до врв“ денеска ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на дел од улиците во Скопје. Настанот, организиран од Здружението...

„Нема трагедија, има злосторство“, порачаа роднините на жртвите во Кочани

„Нема трагедија, има злосторство“, „Не беа жртви на пожар, беа жртви на системот“, „Затворени очи, отворени гробови“, со вакви транспаренти и со слики од младите жртви во Кочани денеска нивни роднини...

Светиниколец пукал со пушка во деца што собирале цреши од неговиот двор

69 годишен жител на Свети Николе бил лишен од слобода откако пукал во деца кои береле цреши во неговиот двор, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14 часот во Свети...

Запленети компјутери, пари и фалсификувани документи поради сомнеж за хакерски криминал

На 16 мај 2025 година, по судска наредба и претходна истрага, полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал при МВР извршија претрес во дом и други простории на Л.К....