fbpx

Гостиварец олеснат за 29.000 евра

-

Непознато лице вчера ограбило куќа во гостиварската населба Осма Зона, соопшти МВР.

Крадецот упаднал во домот на 32-годишниот А.З., при што од метален сеф одзел сума на пари од околу 13,500 евра во разни апоени и златен накит во вредност од околу 15.400 евра.

Како што соопшти полицијата, крадецот влегол во куќата низ незаклучената врата, а по извршеното пребарување и пронаоѓање на украдените работи, го напуштил местото на настанот, стекнувајќи противправна имотна корист од околу 29.000 евра.

Увид на местото на кражбата извршила увидна екипа од СВР-Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...