Гостиварец бил двапати приведен во ист ден бидејќи во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир. Како што информира Министерството за внатрешни работи, Ѓ.Р. (56) од Гостивар бил приведен во село Галичник, од страна на полициски службеници од Полициското одделение Маврово вчера утрото пред 11 часот, бидејќи го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување, за време на одржување на манифестацијата Галичка свадба.
Истиот ден, но вечерта пред 21 часот, Ѓ.Р. повторно бил приведен, овојпат во Гостивар, затоа што уште еднаш го нарушувал јавниот ред и мир.
По извршеното алкотестирање, кај него биле констатирани 1,75 промили алкохол во крвта. Од МВР информираат дека по документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
