fbpx

Горивата со нови цени: Еуросупер БС-95 по 110 денари за литар, дизелот скокна на 102 денари

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,3 отсто. Бензинот Еуросупер БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска поскапуваат за 1 денар за литар, додека додека малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 се зголемува за половина денар за литар. Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 2 и пол денари за литар.

Со најновото поскапување, од ноќеска Еуросупер БС-95 ќе се продава за 110 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 112 денари за литар. Возачите ќе можат набават дизел на бензинските пумпи по цена од 102 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 99,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,868 денари за килограм и сега ќе изнесува 55,508 ден/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,179 отсто, кај дизелот за 1,697 отсто, кај екстра лесното масло за 1,673 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 0,482 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,009 отсто.

МОН: Запишувањето вонредни ученици во медицинските училишта се става во мирување

Сите јавни средни училишта во државата кои имаат добиено верификација за изведување на настава од здравствена струка се известени дека запишувањето на вонредни ученици се става во мирување, почнувајќи...
Download WordPress Themes Free
Download Best WordPress Themes Free Download
Free Download WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
free download udemy course
download karbonn firmware
Download WordPress Themes Free
udemy paid course free download