Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата малопродажна цена на бензинот „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 67 денари за литар, а „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 69 денари, малопродажната цена на „еуродизел“ ќе биде 58,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,46 отсто.