Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси донесе одлука за зголемување на цената на горивата во просек од 0,84 проценти.

Цените на „еуросупер БС-95“, „еуросупер БС-98“, еуродизел и на екстра-лесното масло за домаќинство, се зголемуваат за половина денар. Оттука, малопродажната цена за „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 66 денари за литар, додека за „еуросупер БС-98“ ќе изнесува 68 денари за литар, малопродажната цена на дизелот ќе изнесува 58 денари за литар.

Клучните фактори што влијаат на крајната цена согласно Методологијата за формирање на цените е курсот на денарот во однос на доларот и референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар.