Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува од два до 2,5 денари, додека на дизелот за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 69,50 денари за литар, на „еуросупер БС 98“ ќе биде 72 денари, а „еуродизелот“ ќе се продава по 64 денари за литар.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 8,97 отсто, кај дизелот има зголемување во просек за околу 5,35 отсто, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 4,39 отсто и кај мазутот зголемување во просек за околу 10,77 отсто.