fbpx

Горивата поевтинуваат за половина денар

-

Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ), од полноќ за половина денар ќе бидат поевтини бензините и дизелот, како и мазутот, а цената на екстралесното масло за домаќинства нема да се менува.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 0,5 денари за литар, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ ќе изнесува 71,5 ден/лит, малопродажната цена
на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,5 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менува и и понатаму ќе биде 62 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,195 денар/килограм и од полноќ ќе изнесува 36,681 ден/кг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...