Регулаторна комисија за енергетика донесе одлука за намалување на цената на горивата кои поевтинуваат во просек за 2,41 проценти.

Бензинот „еуросупер БС-95“ и „еуродизел“ поевтинуваат за половина денар, па така ќе изнесуваат 65,50 денари за литар и 57,50 денари за литар. „Еуросупер БС-98“ поевтинува за еден денар и половина и новата цена ќе изнесува 67,50 денари.

РКЕ ја утврди новата цена на горивата врз основа на цената на нафтените деривати на светските пазари и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.