Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на цените на нафтените деривати.
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од вечерва поевтинуваат за еден денар за литар. Така, моторниот бензин Еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ на бензинските станици ќе се продава по максимална цена од 77 денари за литар, додека 98-октанскиот бензин ќе чини 79 денари за литар.
Поевтинува и дизел горивото и тоа за два денари. Од вечерва, литар Еуродизел ќе чини 68,5 денари за литар.
Истовремено, за два и пол денари за литар поевтинува Екстра лесното масло за домаќинство кое ќе се продава за 68 денари по литар.
Новата цена на мазутот изнесува 42,573 денари за килограм.