Малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 2,5 до три денари, а на дизелот за 1,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

За три денари поскапува „еуросупер 95“ и ќе се продава по 71,5 денари за литар, додека за 2,5 денари се зголемува цената на „еуросупер 98“ и ќе се продава по 73 денари за литар.

Малопродажната цена на „еуродизелот“ се зголемува за 1,5 денари и ќе изнесува 62,5 денари.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар изминатите две недели изнесуваше 70,4 долари за барел, додека курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 54,67 денари.