fbpx

Горивата ќе поскапат од денар до денар и половина од ноќеска на полноќ

-

Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-95“ и на дизелот се зголемуваат за еден денар за литар, додека малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 1,50 денари за литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 11 јануари, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Бензинот „еуросупер БС-95“ од ноќеска ќе можат да се набави по цена од 63 денари за литар, додека „еуросупер БС-98“ на бензинските станици ќе чини 65 денари за литар. Возачите ќе можат да го набават дизел горивото по цена од 54,50 денари за литар, а по идентична цена ќе се продава и екстра-лесното масло за домаќинство.

Со најновата одлука на регулаторите се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во земјава во просек за 2,53 отсто.

„Охрабрувачката имунизација со вакцините против ковид-19 и ефектите од договорот на ОПЕК за ограничување на производството во следните месеци се клучните причини поради кои минатата недела берзанските цени на сите нафтени деривати се зголемија – и тоа е едниот фактор кој влијае директно врз денешната одлука. Вториот фактор е зголемувањето на курсот на денарот во однос на доларот. По двомесечен постојан пад, за прв пат се регистрира зголемување на курсот на денарот во однос на доларот и просекот на истиот е за околу 0,845 отсто повисок од просекот на курсот по кој беа формирани цените со претходната пресметка“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...