Бензинот „еуросупер БС-95“ од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар, а за еден денар ќе биде повисока цената на „еуросупер БС-98“, „еуродизелот“ и на екстра-лесното масло за домаќинства, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 67,5 денари за литар, 70 денари на „еуросупер БС-98“, 62,5 денари на „еуродизел“, а на екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 51,5 денари.

Зголемувањето на цената на нафтените деривати во просек изнесува 2,25 проценти.

РКЕ ја донесе новата цена на горивата врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.