Пожар предизвикан од запалена машина за мелење железо претпладнево се случи во општината Шуто Оризари, а густ црн чад се гледа од повеќе локации низ градот. Како што информираа од Центарот за управување со кризи, интервенира противпожарната бригада, а во моментов пожарот е под контрола.
„Денеска преку 112 е добиена пријава за пожар на запалена машина за мелење железо на улицата 1675 бр. 24 во Шуто Оризари. Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје интервенирала со две противпожарни возила. Според информација од градоначалникот на Шуто Оризари, пожарот е ставен под контрола и нема опасност од негово ширење, бидејќи плацот е ограден со ѕидови“, велат од ЦУК.
