Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 85. седница ја прифати одлуката со која се предлага Горан Трајковски да биде назначен за директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП).
Горан Трајковски беше прв човек на Управата за јавни приходи (УЈП) девет години, а од оваа функција беше разрешен во ноември минатата година.
Управата за јавни приходи беше спомната во извештајот на Прибе како област за која има силни критики и за која власта, заедно со опозицијата, треба да договори ослободување.
Името на Горан Трајковски се спомнуваше во „бомбите“ што ги објави СДСМ, во кои, според опозицијата, тој зборува за казнување и за затворање фирми и дуќани за време на избори.