Горан Грујовски доби година и пол затворска казна во случајот „Тврдина 2“

-

Поранешниот началник на петтата управа во МВР, Горан Грујовски, кој беше во бегство, доби една и пол година затворска казна за незаконското палење на илјадници списи во случајот „Тврдина 2“ на СЈО. Другите шест обвинети, вработени во УБК, добија условни казни за фалсификување службена исправа, пет од нив се осудени на условна казна од 9 месеци, а една од нив на 2 години.

На Грујевски, кој се наоѓа во екстрадициски притвор во Солун, му се судеше во отсуство.

Обвинителката на Специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристоска, пред два дена, на завршните зборови на судењето, побара од судот максимална казна за Грујовски, за случајот „Тврдина 2“, додека за другите шест службенички од УБК, обвинети во случајот, таа му предложи на судот да им одреди алтернативни, односно условни казни.

Ристоска тогаш истакна дека мотивот на Грујовски, како наредбодавец за уништувањето на документацијата од УБК, бил да се сокријат трагите за тоа кој и како прислушувал стотици граѓани во Македонија и да се отежни истрагата за масовното кршење на човековите слободи и права од страна на Управата за безбедност и контраразузнавање. Таа рече дека уништувањето на документите во полициската база Брест во Петровец, се случувало истовремено со уништувањето на системите од незаконското следење на комуникациите во МВР, за што Грујовски, исто така, е обвинет во случајот „Тврдина“.

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

Истрага за три лица кои се обиделе од двајца сопружници да изнудат 10.000 долари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица на возраст од 26 и 24 години, осомничени за кривично дело – Изнуда од член...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика...