Google денеска наполни 23 години

Фото: Принтскрин

Компанијата Google денеска наполни 23 години, а повод роденденот сите корисници низ светот може да се почестат со парче торта на #GoogleDoodle. Формирањето на технолошкиот гигант официјално започнало во 1997 година, при што Google била основана на 27 септември 1998 година.

Сергеј Брин и Лари Пејџ тогаш биле запишани на Универзитетот Стенфорд и во нивните студентски соби започнале да ја развиваат машината за пребарување, од каде излегол и првичниот прототип на Google.

Од Google денеска твитнаа оти нивниот тогашен прототип денеска се развил во проект којшто одговара на милијарди потраги ширум светот, и тоа на повеќе од 150 јазици.