fbpx

Големо невреме во Скопје, откорнати дрвја и поплавени улици

-

Eкипите на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје интервенираат за да се исчистат сите сообраќајници каде што се направи поплава поради обилните врнежи од дожд, информираат од градот.

„Во моментов Скопје е погодено од невреме, составено од обилни врнежи на дожд кои предизвикаа поплави на поголем број на сообраќајници во Скопје, прекини во снабдувањето со електрична енергија и голем број на скршени и паднати дрвја. Во моментов сите екипи на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје интервенираат на терен во насока на оспособување на сообраќајниците каде се појавија поплавувања“, пишува во соопштението од градот.

Од таму апелираат сите граѓани да останат во своите домови и да не излегуваат со возила се додека не престане невремето и не се создадат услови за нормално одвивање на сообраќајот.

„Дополнително, апелираме до сите лица кои се со моторни возила и се во моментов затечени во сообраќај од невремето, истите да останат во нивните возила, да не се движат (возат) и да почекаат да заврши невремето и да се нормализираат условите за одвивање на сообраќај“, пишува во соопштението од градот.

Интернет порталот „Метеопро“ пишува дека денешното невреме во скопскиот регион е најсилното невреме годинава, и едно од посилните во изминативе години. Силни електрични празнења се забележани во периодот помеѓу 17 и 19 часот и достигна бројка околу 800 (за целото скопско подрачје).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...