Во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац и во други градови во Србија денес се застануваше на 15 минути во протестна акција за оддавање почит на 15-те загинати во трагедијата на железничката станица во Нови Сад која се случи на први ноември годинава. Почит им оддадоа и студентите во сите четири универзитетски центри во земјата, пренесува српскиот дневен весник Данас.
Акцијата поминала во голема мера мирно и достоинствено, иако на поединечни локации (Нови Сад, Белград, Зајечар) дошло до расправии и помали инциденти, а се случил и еден поголем инцидент.
Ансамблот на Белградската филхармонија се приклучил на акцијата „Застани Србијо“ со протест во близина на Студентскиот плоштад и улицата Узун Мирко. Во тој момент, едно возило поминало низ раскрсницата и повредило двајца членови на оркестарот.
View this post on Instagram
Граѓаните во голем број се одѕвале на повикот на опозицијата и активистите да се застане во 11:52 ч., да се прекинат сите активности, без разлика дали се наоѓаат во автомобилите, дали се пешаци на улиците или на своите работни места, во училиштата и факултетите.
View this post on Instagram
Во Бановина во Нови Сад, пратениците на опозицијата извадиле голем транспарент на кој што пишува „Рацете ви се крвави“. Околу 200 граѓани блокираа раскрсница во центарот на Ниш, кај зградата на Основниот и Вишиот суд.
Протестот беше одржан и пред зградата на РТС во Белград. Припадник на полицијата побарал да не дојде до нарушување на јавниот ред и мир кога дошло до краток конфликт со личност која имала истетовирано ружа на вратот.