Голем пожар во фабрика за пластика во Истанбул

Голем пожар денеска изби во фабрика за пластични производи во истанбулскиот кварт Бајрам-паша, а огнената стихија набргу се проширила и на соседните згради, јавуваат турските медиуми.

Засега нема информации за евентуални жртви, а припадниците на противпожарните служби се обидуваат да го стават пожарот под контрола.

Сè уште не се знае причината за пожарот.