fbpx

Голем дел од угостителите нема да може да ги отворат капацитетите и по олабавување на мерките

-

Угостителите трпат големи штети од пандемијата, тешко ја пребродуваат кризата со понудениот пакет економски мерки, а голем дел од нив нема да се во можност во целост да започнат со работа и по олабавување на мерките и можноста да ги отворат своите капацитети.

Ова го покажува истражувањето на Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори (ССК) за состојбата со која се соочуваат угостителите во изминатиот период од почетокот на здравствено – економската криза, како и за мерките кои се преземаат од Владата за ублажување на последиците во секторот.

„По однос на тоа дали угостителите се подготвени да започнат со работа со половина од расположивите капацитети односно според најавата со скратено работно време и ограничен простор за работа, 59 проценти одговориле потврдно дека се подготвени,  додека 41 проценти дека не се подготвени за делумно функционирање. На прашањето дали се информирани за безбедносните мерки кои треба да ги применат при отпочнување со работа, а поврзани со превенција на вработените и гостите од Ковид 19, вкупно 78 проценти одговориле дека до сега не добиле односно немаат информации за посебни безбедносни мерки за работа, а 22 процени одговориле потврдно“, изјави Мартин Ангеловски, потпретседател на Туристичко-угостителската комора.

Во однос на економските мерки, на прашањето дали се задоволни од понудената мерка на Владата да даде поддршка, во висина од 9.000 денари или бруто-плата од 14.500 денари, 95 проценти одговориле дека не се задоволни, а само пет проценти дека се задоволни.

„Дополнително, 90 проценти од угостителите одговориле дека за нив не е прифатливо што обврската по однос на ДДВ не е одложена за период од шест месеци, по завршување на кризата. 93 проценти од угостителите одговориле дека не се задоволни од тоа што нема мерка за одложувањето на плаќање на режиските трошоци, струја, вода, комуналии. Воедно 70 проценти од угостителите одговориле дека очекуваат дополнителна финансиска поддршка од страна на Владата по започнување со работа,“ додава Ангеловски.

Угостителите исто така сметаат дека Владата треба да спроведе кампања со прецизни инструкции за заштита на вработените и гостите од Ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...