fbpx

Голем број посетители на отворањето на изложбата на дела од Пикасо во МКЦ

-

Синоќа во галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) беше отворена изложбата на дела на големиот шпански сликар Пабло Пикасо.

На отварањето на изложбата присуствуваа огромен број на посетители, кои имаа можност да ја видат збирката од 46 графички дела на Пабло Пикасо – факсимили на цртежи, литографии и одделни гравури, кои го опфаќаат временскиот период од 1932 до 1969 година.

Во сржта на збирката се наоѓаат комплети од оригинални графики, сместени во три мапи, кои денес претставуваат ретко видени и ретко достапни дела.

Изложбата е организирана од МКЦ, во соработка со приватната галерија „Висконти“ од Љубљана, Словенија.

Продуцент на изложбата е Михајло Несторовиќ, а делата се во сопственост на Жива Шкодлар Вујиќ и Лазар Вујиќ од галеријата „Висконти“.

Изложбата ќе трае до 16 март, а влезот е бесплатен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...