fbpx

„Глобал воисес“ повика на итно ослободување на заточените медиумски работници

-

Заедницата „Глобал воисес“ денеска издаде соопштение со кое го осудува затворањето на блогери, медиумски работници и интернет-активисти во целиот свет.

Имињата на лицата кои се во затвор  – од Кина, преку Бахреин, до Македонија и до Мексико – беа прочитани на отворањето на годинашниот Самит на граѓанските медиуми на „Глобал воисес“, коj се одржа на Филипини.

Во сооштението се повикува на итно ослободување на новинарите и на почитување на правото на слободно изразување.

На списокот се наоѓа и името на новинарот од Македонија, Томислав Кежаровски, кој во моментов е на условен отпуст и чека дали некој ќе ја обжали одлуката на судот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...