Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, успеа да го победи Кевин Андерсон, со 6-7 (6), 6-7 (6), 6-1, 6-4, 7-5 и да обезбеди пласман во четвртфинале на Вимблдон.

Вчера натпреварот беше прекинат и заврши 2:2, за денеска да продолжи и во одлучувачкиот петти сет, Ѓоковиќ да поведе со 7:5 за пласман меѓу најдобрите осум тенисери на турнирот.

Иако вчера Ѓоковиќ имаше негатива од 2:0 по првите два сета, на крај успеа да го сврти резултатот во своја корист.

Следниот натпревар ќе го игра со Марин Чилиќ од Хрватска.