Дури три од четирите основни училишта во Штип бараат Општината да им одобри постоење на паралелки помалку од законскиот минимум од 24 ученици. Во подрачните улилишта пак, се бара одобрување за комбинирани паралелки.

Во Чардаклија има паралека со само седум ученици и тоа од прво, второ и петто одделение. Од средните училишта засега само гимназијата „Славчо Стојменски излезе со вакво барање, каде се запишале речиси половина помалку од планинарата бројка во прва година. Гимназијата со конкурсот планираше упис на 238 ученици, а запиша само 133, поради што бара да оформи седум класа во прва година со по 16 ученици.

Значајниот пад на ученици и иселувањето прави секоја година Советот на Општината Штип да има една иста задача, а тоа е да одобрува паралелки со помал број на ученици. Така ќе биде и на следната седница.

Во едно од поголемите основни училишта во Штип, ООУ „Тошо Арсов“ предвидени се три паралалеки со првачиња и тоа по 16 ученици. Во подрачното училиште во населбата Македонка ќе има само три првачиња, додека таму ќе има комбинирани паралалеки – една со 17 ученици во четврто и петто одделение.

Во училиштето во центарот на Штип, ООУ „Ванчо Прке“, некогашното елитно училиште,  дури 24 парпалеки се со помал број на ученици од 15 до 22 во клас. Во подрачното училиште во стариот дел на Штип – Ново Село, годинава нема првачиња, додека во второ ќе учат девет ученици, во третто и четврто по седум, во петто има осум ученици, во шесто се шест, во седмо девет и во деветто одделени единаесет ученици.

„Мета“ веќе пишуваше дека на почетокот на ланската учебна година, исписници поради иселување побарале 77 ученици.

Според информациите од Општината Штип, училиштата за следната учебна година 2019/2020 планирале упис на 538 првачиња, додека до сега се запишани 376 или 160 помалку.