fbpx

Годинава во ЕУ нерегулирано влегле 1,2 милиони лица

-

Во првите десет месеци од годинава во ЕУ се забележани околу 1,2 милиони нерегулирани влегувања, што е за четирипати повеќе отколку во 2014 години, соопштија денеска од агенцијата Фронтекс.

Вкупниот број нерегулирани имигранти е помал од оваа бројка, пред сè, затоа што многу луѓе се преброени двапати, првенствено тие кои влегле во Грција, а потоа ја напуштиле ЕУ со влез во Македонија и повторно влегле во европскиот блок во Унгарија.

Фронтекс наведува дека повеќе од 150.000 луѓе во октомври стигнале во Грција од Турција, со што вкупниот број на пристигнати на грчките острови од јануари до октомври го надминал бројот од 540.000 лица.

Бројот на лицата што стигнале со чамци од Либија во октомври бил само 8.500, што е двојно помалку отколку минатата година. Овој пат од почетокот на годинава го минале околу 140.000 лица, додека во истиот период минатата година го минале речиси 155.000 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...